(ВИДЕО) Погледнете ја МАСАТА која за неколку секунди станува ПОЛИЦА: Совршено повеќенаменско парче мебел за мал стан!

Во мали станови, корисно е да имате работи што се повеќенаменски. Со оваа маса што станува полица, производителите на мебел добро одговориле на предизвикот.
Дизајнерот за ентериери од профилот на Инстаграм majstorskooko споделил со своите следбеници неверојатно корисно парче мебел, кое може да послужи одлично на мали простори.
Малите станови се крајно незгодни за уредување, тоа го знаат сите што живеат или живееле во тесен простор.
Понекогаш сакате да имате убава маса за новогодишна вечера со пријателите, а во лето, бидејќи поминувате повеќе време надвор, ви одговара да имате полица за чување книги што се собрале за време на студените денови. Како да ги вклопите вашето расположение и желби на мал простор?
Со овој трик, лесно ќе го промените изгледот на станот според вашите желби. Дали ви треба маса? Нема проблем. Полица? Таму е за 30 секунди!
Мултифункционалниот мебел веќе долго време е хит во светот, а забележуваме дека се почесто се појавува и кај соседите.
На видеото подолу, видете како ротира масата, на едноставен механизам и станува полица.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ✨Ideje i domaći nameštaj ✨ (@majstorskooko)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …