(ФОТО) ДА НЕ ВИ СЕ ВЕРУВА: Маж на летување ја загубил БУРМАТА, нуркачи ја пронашле на РИБА!

Прстенот и се врежал на рибата околу телото.
Додека нуркала, жителката на островот Норфолк, Сузан Приор, случајно открила прстен налик на венчален прстен на телото на мала риба.
Таа слика таа веднаш ја поврзала со случајот што се случил на почетокот на оваа година, кога една брачна двојка ја изгубила бурмата.


Станува збор за брачната двојка Сузи Кинтал и Нејтан Ривс, кои живеат во Австралија, но Божиќните празници ги прославиле на овој остров. По враќањето од пливање, Нејтан сфатил дека го изгубил венчалниот прстен вреден 1.000 долари!
„Никој не се надевал дека прстенот некогаш ќе се најде, но …“


Сузан успеала да ги најде Сузи и Нејтан преку социјалната мрежа Фејсбук, а овој неверојатен сплет на околности го споделиле со австралискиот весник „Дејли меил“.
Таа за весникот изјавила дека глетката што ја видела била ужасна и истакнала дека ќе биде проблем кога рибите ќе порасне.
„Ми се чини дека рибата засега е добра, но како што расте, прстенот ќе се вреже во нејзиното тело“, објаснила таа.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …