(ВИДЕО) Песна која ќе ја засакате од прво слушање: Огнен Здравковски ја објави неговата нова песна „Душа“!

„Душа“ е насловот на најновото музичко издание на познатиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина.
За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов на овие простори.
Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со скоро сите српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ.

This image has an empty alt attribute; its file name is ogi.jpg
Како што кажавме, екранизацијата за оваа прекрасна балада се одвиваше во Белград, а како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.


This image has an empty alt attribute; its file name is ogi-1.jpg
Покрај Огнен, во спотот се појавува и преубавата српска манекенка Невена Гичевиќ, која важи за една од најубавите девојки во Србија. Се снимаше на повеќе локации во Белград, а дел одвидеоспотот е снимен во познатиот ресторан „Ритуал“, чиј сопственик е музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој пак е многу близок пријател со нашиот Огнен.

This image has an empty alt attribute; its file name is ogi-4.jpg
“Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“ – вели Здравковски.


This image has an empty alt attribute; its file name is ogi-3.jpg
Инаку песната и видеото вчера беа премиерно објавени на јутјуб-каналот на „Гранд“, а во наредниот период таа ќе биде и лично промовирана од Огнен во емисиите на оваа позната продукција.
Да не должиме повеќе, погледнете, споделете и уживајте:


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …