(ВИДЕО) Пејачот по кој и денес плаче Балканот: Тоше Проески денеска ќе наполнеше 42 години!

Тоше Проески загина во 2007 година во тешка сообраќајна несреќа на 26-годишна возраст.
Тодор Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево, Македонија. Иако бил посветен на својата музичка кариера, истовремено завршил и факултет, па дипломирал на Музичката академија во Скопје како еден од најдобрите студенти на својата генерација.

This image has an empty alt attribute; its file name is tose-proeski-facebook.jpg


Кариерата ја започна уште додека беше средно училиште, на музичката манифестација „Мелфест“, каде победи со песната „Yesterday“ на групата „Битлси“. Две години подоцна го издаде својот прв албум „Негде во ноќта“, а веднаш потоа го одржа и првиот солистички концерт. Тоше ја освои балканската публика со песната „Чија си“ во 2003 година, која и денес е популарна по 20 години.
Немаше песна што тој ја испеа што не допре до срцата на публиката и не стане омилена. Во план била и странска кариера, па почнал да снима песни на англиски. Тогаш се случи трагедија која го остави Балканот без зборови.

This image has an empty alt attribute; its file name is tose-proeski.jpg


Загина на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на пат од Скопје кон Загреб. Автомобилот со кој управувал Георгиј Георгијевски удрил во камион откако возачот заспал зад воланот. Тоше починал на лице место, додека неговата менаџерка Љиљана Петровиќ се здобила со полесни повреди.
Со највисоки државни почести е погребан во родното Крушево.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …