Поттикнете ја креативноста со помош на вашиот мобилен телефон

Фотографијата може да стане идеално хоби за уживањеи ослободување од стрес. Излезете надвор, набљудувајте ја околината и обидете се да го доловите моментот со објективот. Овде не зборуваме за фотографирање со професионални камери, бидејќи се што ви треба е смартфон со камера од висока класа, како што е случајот со моделите на Samsung Galaxy А53 5G.

Зимата е совршен период за создавање на волшебни фотографии. Конечно го дочекавме и првиот снег на планините, па токму затоа време е да се го подготвите термосот со топло чајче, ракавици (кои работат на екраните на допир), топла зимска опрема и секако омилениот паметен телефон со неверојатно издржлива батерија (која знаеме колку е важна кога надвор е студено па стандардните батерии се празнат со брзина на светлината)која нема да ве изневери колку долго и да останете да фотографирате.


ЗоштоGalaxy А53 5Gе совршениот избор за вас?

Моќниот систем со четири камери на GalaxyA53 5G нуди неверојатни можности за фотографирање и снимање со OIS камера од 64 MP и предна камера од 32 MP. Камерите користат технологија со вештачка интелигенција, која во комбинација со подобрениот NightMode режим гарантира дека фотографиите, дури и кога се направени при слаба осветленост (во период кога веќе во 17 часот се стемнува),  ќе изгледаат беспрекорно.


За љубителите на селфи фотографиите имаме одлична вест! Подобрениот PortraitMode режим во комбинација со FunMode  режимот ќе овозможи бескрајни опции за совршена селфи фотографија. Плус добивате и Objecteraser опција со која може слободно да го избришете сè она што ви пречи на фотографијата! Кажете им збогум на случајните минувачи во совршениот кадар!

Новoниво на фотографија


Посебноста на уредот SamsungGalaxy А53 5G лежи во најновата технологија на Samsung, базирана на вештачка интелигенција, која ги носи вашите фотографии на повисоко ниво. Благодарение на AI Image Enhancer сега е лесно да се направи совршена фотографија. Моќниот AI на овој разубавувач на слики автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш може да ги усовршиш, што ќе направи фотографираните објекти да изгледаат подобро од кога било, со видливо појасни и пофини детали благодарение на софистицираниот алгоритам на вештачка интелигенција. На овие фотографии дефинитивно ништо нема да ви недостига, напротив дури ќе препознаете детали кои не сте стигнале да ги видите во живо!

Лесно до најгледани Reels

Дали некој рече дека видеото ја замени фотографијата? Како и да е, нема изненадувања со Galaxy A53 5G! Без разлика дали снимате Reels на Инстаграм сами или со пријателите, вашето видео секогаш ќе биде со највисок квалитет. Уште повеќе, кога снимате видеа со bokeh ефектите и двојниот објектив за камерата за продлабочување засилена со AI, може да ги снимите фините карактеристики што го прават секое лице на пријателите уникатно. Заматете ја заднината и истакни ги деталите што ја оживуваат сликата во рамката. Дополнителна предност е VDIS технологијата, која обезбедува стабилизација при снимање на кристално чисти видеа.

Уживајте во вашите фотографски креации

Уредувањето на снимениот материјал ќе биде едноставно и ќе изгледа уште подобро на прекрасниот екран. Новиот 5 nm процесор е одговорен за неверојатните перформанси на паметниот телефон Galaxy A53 5G. Опремен однадвор со екстремно силно заштитно стакло Gorilla® Glass 5, испорачува 6,5-инчен Super AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz што ќе обезбеди непречено корисничко искуство и импресивен приказ на содржината.

Не плашете се од влагата и снегот!

Оценет како IP67 за отпорност од вода и прашина, Galaxy A53 5G е отпорен на потопување во слатка вода до 1 метар во време до 30 минути. А благодарение на дополнителната заштита од Gorilla Glass 5, овој уред е поцврст и помалку подложен на гребнатини. Што значи, слободно сликајте додека врне снег!

Повеќе информации за производот може да најдете на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a53-5g-awesome-black-256gb-sm-a536bzkleuc/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …