Надзорните камери инсталирани во еден од автобусите во покраината Краснојарск, покажале дека патникот ја удрил кондуктерката во главата, бидејќи таа му рекла дека мора да носи заштитна маска.
Човекот влегол во возилото, но немал маска, па кондуктерката му дала една.
Сепак, се чини дека не му се допаднал целиот овој процес, па пред да излезе на својата станица, тој ја удрил жената во главата.
Таа не останала должна, па тргна по него и сакала да му возврати, но тој ја шутнал неколку пати. Останатите патници во шок гледале сè. Кондуктерката била однесена во болница, но не претрпела поголеми повреди.
Руската полиција после три дена објавила дека сторителот е уапсен и дека му е одреден притвор од 13 дена.
Гувернерот на покраината Краснојарск, Александар Ус, ги засилил мерките за борба против вирусот и потсетил дека е потребно граѓаните да носат маски и’ на затворено и’ на отворено.