(ВИДЕО) Овие бебиња се прогласени за најрано родени близнаци во светот

Близнаците од Канада за својот прв роденден го добија своето место во Гинисовата книга на рекорди. Адиа и Адриал Надараџа се прогласени за најрано родени близнаци на светот, откако пристигнаа на 4 март 2022 година, 126 дена пред предвидениот термин.
Братот и сестрата ја презедоа титулата од американските близнаци Кили и Кембри Еолдт, кои се родени 125 дена предвреме во 2018 година.
Мајката на близнаците Шакина Рајендрам се породила во 21 недела и петти ден, а лекарите и рекле дека бебињата немаат шанси да преживеат.
„Тие беа речиси оставени да умрат. Бевме во шок“, изјавила Рејендрам за Гинисовата книга на рекорди.


Типична бременост трае околу 40 недели и некои болници нема да спасат бебиња родени пред 24-та или 26-та недела. Рајендрам потоа била префрлена во друга болница која била подготвена да обезбеди грижа за бебињата родени во 22-та недела.
Близнаците биле примени во болницата Маунт Синај во Торонто, каде се соочиле со компликации од мозочно крварење и сепса.

„Многу пати мислевме дека ќе ги изгубиме“, додала Рејендрам.


Адриал претрпе перфорација на дебелото црево, што довело до инфекција на крвта и тешко воспаление. За среќа, по пет месеци поминати во болница, близнаците закрепнале и биле пуштени на домашна нега. И двајцата сè уште се под надзор на различни експерти, но имаат голем напредок.

Фото: Принтскрин/YouTube/Guinness World Records


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …