(ФОТО) МНОГУМИНА ВООДУШЕВИЛА – Жизел Бундхен во секси танц на шипка претставува нова соработка со брендот Arezzo

Бразилската манекенка Жизел Бундхен вчера објави фотографија на својот Инстаграм профил, споделувајќи ја својата соработка со модниот бренд Arezzo.


Имено, во содржината што на Инстаграм ја сподели овој бренд за обувки, познатата манекенка танцува околу шипка наменета за стриптиз носејќи црн комбинезон со длабоко деколте, а подоцна го променила својот аутфит во костим со долги сребрени реси. Стајлингот го комплетирала со пуштена коса и сребрен накит.

View this post on Instagram

A post shared by Instagram Oficial da Arezzo (@arezzo)


Некои критичари овој потег на Жизел Бундхен го нарекле нејзина најсекси модна кампања. Нејзините обожаватели биле воодушевени од нејзиниот нов изглед, каде што не добила ништо друго освен комплименти.


Ова снимање доаѓа само пет месеци по нејзиниот развод со Том Брејди, со кого беше во брак 13 години. Манекенката реши да продолжи со кариерата, додека нејзиниот поранешен партнер и американски фудбалер најави пензионирање.
Потсетуваме, оваа четириесет и двегодишна манекенка неодамна доби многу критики откако позираше на насловната страница на италијанското издание на магазинот „Вог“ бидејќи во необично издание наликуваше на суштеството Бафомет кое се поврзува со ѓаволот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …