(ВИДЕО) ОРИГИНАЛНИ КАКО И СЕКОГАШ: Светот ги разведува а тие со комично видео одговориле на гласините!

Многу нивни познати колеги добро се насмеале на ова генијално видео и во коментари им искажале поддршка поради јавното демантирање на лажните вести.
Еден од омилените холивудски парови, Ештон Качер и Мила Кунис, одлучил да одговори на гласините кои се нашле на насловната страница на американскиот таблоид „In Touch“.
Огромниот наслов „Готово е!“ ги испровоцирал актерите да снимат урнебесно видео како одговор на лажните информации.
„Драга, што се случува?“, ја прашал Ештон сопругата, на што таа одговорила дека е готово помеѓу нив, покажувајќи му ја спорната насловна страница. Парот сатирично почнал да ја исмејува насловната страница, прашувајќи се еден со друг „Што ќе правиме сега?“ и со тоа откриле дека и останатите информации кои се наведени во магазинот – се лажни, како и тоа дека на Мила ѝ припаднале децата и дека се разведуваат поради мрачна тајна на Ештон.


View this post on Instagram

I guess it’s over @intouchweekly have fun selling magazines this week. Maybe next week my wife will be having twins. For the third time. But who’s counting.


A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk) on


Ештон во описот на видеото напишал: „Изгледа дека е готово, ‘In Touch’, позанимавајте се со продажба на магазинот оваа недела. Можеби наредната недела мојата сопруга ќе носи близнаци. По третпат. Но, кој ги брои…“
Многу нивни познати колеги добро се насмеале на ова генијално видео и во коментари им искажале поддршка поради јавното демантирање на лажните вести.
Инаку, Мила и Ештон се во брак од 2015-та година, а имаат и две деца, 4-годишната Вијат и 2-годишниот Димитри.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …