Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во оваа земја.
Жителите на регионот Гипсленд рекле дека мрежите налик на превез се појавија по неколку врнежливи денови, а во еден дел од земјата пајаковата мрежа се протега на повеќе од еден километар, долж патот.
Експертите велат дека станува збор за тактика на пајаците затоа што користат мрежи за искачување на повисоките области.
Д-р Кен Вокер, експерт за инсекти од музејот во Викторија, верува дека милиони пајаци ткаеле мрежи на дрвјата.
„Пајаците кои се движеа по земјата сакаа брзо да достигнат височини. Мрежите се прицврстени на вегетацијата за да можат пајаците да избегаат“, рекол тој.
Пајаците исплеле огромна количина пајажина што ги покрива мочуриштата меѓу градовите Сејл и Лонгфорд.
Се очекува мрежите да се распаднат до крајот на оваа недела.
Фото:Принтскрин/Youtube