(ВИДЕО) Одел по жица над активен вулкан во пренос во живо!

Акробатот Ник Валенда уште еднаш успеа да го остави светот без здив.
Со заштита на очите и дишење преку маска, за да ги заштити белите дробови, 41-годишниот Валенда преминал жица долга 550. метри над активниот вулкан Масаја во Никарагва, пренесува британски „Метро“.


Вулканот Масаја е еден од осумте светски вулкани кои имаат активно јадро и е познат како „Уста на пеколот“.


Неговиот неверојатен, но исто така и потенцијално смртоносен, подвиг светот можел да го следи преку телевизиската мрежа АБЦ, како дел од специјалот „Vulcano Live!“, (Вулкан во живо!).
Сепак, не биле сите воодушевени од овој обид, бидејќи акробатот користел сигурносен појас додека минувал над вулканот. Валенда рекол дека безбедносниот ремен е едно од барањата на мрежата АБЦ, кои исто така го натерале да го носи појасот кога шетал на жица низ Тајмс Сквер минатата година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …