(ВИДЕО) Објавен трејлерот за филмот за најпопуларната кукла во светот

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Барби“ во режија на Грета Гервиг, а речиси половина милион луѓе го погледнаа во рок од два часа од неговото прикажување.
Досега, малку е познато за заплетот на филмот, во кој глуми Маргот Роби како иконската кукла на Мател и Рајан Гослинг како нејзиното момче Кен, иако неколку официјални фотографии од актерската екипа се веќе објавени, како и фотографиина Роби и Гослинг.


Актерот Симу Лиу, кој исто така е член на актерската екипа во филмот, рекол дека неговиот агент рекол дека сценариото напишано од Гервиг и Ноа Баумбах било едно од најдобрите што некогаш ги прочитал.

View this post on Instagram

A post shared by Discultured (@dis_cultured)



„Тој буквално го кажа ова: ‘Ако можам да ја вложам мојата кариера на кое било сценарио, тоа е она за ‘Барби”. Навистина мислам дека треба да го направиш тоа“, рекол Лиу, додавајќи дека филмот е „див“ и „неверојатно уникатен. “.
„Посакувам да можам да ви покажам што правиме од ден на ден, бидејќи тоа е лудост“, рекол тој.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …