(ФОТО) ГОРДОСТ: Маја Павловска добитничка на Меѓународната награда „Барселона“

Македонската уметничка, Маја Павловска (Маја Ангел), е добитничка на меѓународната награда „Барселона“, избор на познатите светски кустоси кои ја препознаа и наградија нејзината уметност…
„Драго мое семејство и пријатели,
Многу сум горда што можам да објавам дека добив награда, именувана како Меѓународна награда БАРСЕЛОНА.
Наградата е за вредноста на делата на уметниците и за нивните уметнички заслуги.

This image has an empty alt attribute; its file name is nagrada-na-maja-pavlovska.jpg
МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА БАРСЕЛОНА се одржа во „МЕАМ“ (Европски музеј за модерна уметност во Барселона), лоциран во срцето на шпанскиот град, на 19 ноември 2022 година, во Салата на Музејот МЕАМ. Се одржа ВИДЕО ИЗЛОЖБА што траеше од 18 до 20 ноември на која беа прикажани наградените уметнички дела.
Јас учествував со дигитална уметничка слика, насловена “The great awakening” – 2022 („Големото будење“ – 2022).
Ова е една од најпрестижните и најважните уметнички награди за кариерата на уметниците, доделена во срцето на Барселона.
Овој уметнички настан е објавен во списанието Art International Contemporary, во бројот за месец септември/октомври, каде што е реализиран и воведен дел посветен на Меѓународната награда на Барселона; како и објавувањето на уметничките дела на избраните уметници.
Наградата се доделува на оние уметници кои се избрани од познатите меѓународни кустоси г-дин Салваторе Русо и Дот Франческо Саверио Русо.
Почитувани Салваторе и Франческо, многу ви благодарам што ја препознавте и наградивте мојата уметност! 🥰🤗❤️“, напиша Маја на својот профил на Фејсбук каде редовно објавува свои слики…


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …