(ФОТО) Далеку од гламурот и настапите: Никој не ја препознал Шакира

Познатата пејачка слободното време го поминува со синовите и не го крие воодушевувањето.
Заедно со синовите Милан и Саша, Шакира поминува квалитетно време во Рим и ги запознава децата со знаменитостите на овој прекрасен град.

Фоторепортерите ги фотографирале во близина на Колосеумот, а Шакира во таа прилика се сликала со децата, а лежерната облека и капата на главата ја направиле речиси непрепознатлива.


This image has an empty alt attribute; its file name is sakira.jpg

Да потсетиме, во јуни оваа година фудбалерот Жерар Пике и неговата долгогодишна партнерка, поп ѕвездата Шакира потврдија дека се разделуваат. Разделбата исто така беше законски финализирана и на Шакира и беше дозволено да ги земе децата да живеат со неа во Мајами.


This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-1.jpg

Според договорот, Пике може да ги гледа децата 10. дена во месецот, само што децата не можат да го напуштат Мајами во текот на учебната година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …