(ВИДЕО) Новинарка на БиБиСи се снимила со дечкото во кревет – шефовите ја натерале да ја тргне снимката!

Дописничката на БиБиСи од Ирска, Ема Варди учествувала во снимањето на сатирично видео создадено за да собере пари за здравствените работници, но нејзините шефови не биле воодушевени кога ја виделе и побарале сцената да биде избришана, бидејќи се сметала за „несоодветна“.
Во контроверзната сцена, Ема е во кревет со своето момче, фудбалерот Арон Адамс, симулира сексуален однос и пее пародија од песната на Квин, „I Want to Break Free“.


Видеото е осмислено од нејзиното момче и колегите од аматерски фудбалски клуб за да соберат средства за британската „Национална здравствена служба во борбата против коронавирусот“.
Видеото било објавено на профилот на 8th Old Boys Football Club со забелешка: „Четири недели во карантин, без фудбал, ете што се случува“.
БиБиСи писмено побарала да се отстрани сцената со нивниот новинар, па на социјалните медиуми е објавена нова верзија.
„Ова требаше да биде забава, но Ема сфаќа дека е несоодветно и сцената е отстранета“, изјави портпаролот на Би-Би-Си за „Daily Mail“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …