(ВИДЕО) Новата божиќна реклама за Кока Кола ги разнежнила луѓето. Погледнете ја…

ПРОДАВНИЦИТЕ се веќе преполни со новогодишни украси, украсувањето градови веќе е во тек, а објавени се и нови божиќни филмови. Тоа значи само едно – најмагичниот период од годината, е се поблиску до нас.
Кога на сето ова ќе додадеме божиќна реклама за Кока-Кола, празничната треска може да започне. Пред неколку години, рекламите на Кока-Кола станаа синоним за празниците благодарение на одличната маркетинг стратегија. Секоја нивна реклама е проследена со голем интерес и емотивни предизвици, бидејќи топлите и емотивни приказни околу празничната трпеза се столбот на рекламите на овој бренд.


Годинава акцентот е ставен на отуѓеноста меѓу луѓето. Фокусот на рекламата е момче кое забележува колку е осамена неговата сосетка и го организира целото семејство и луѓето кои живеат во нивната зграда да и испратат знак на внимание за време на празниците на многу креативен и необичен начин. Поентата на оваа реклама е дека никој не треба да се чувствува осамено и отфрлено, особено за време на празниците.
„Овој Божиќ Coca-Cola ќе раскаже приказна која е чиста магија. Затоа што магијата се случува кога сме заедно“, стои во описот на огласот . Рекламата објавена оваа недела веќе ги расплака и разнежни луѓето.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …