(ВИДЕО) Нова фантазија во Саудиска Арабија: Никнува град од 500. милијарди долари!

Саудиска Арабија планира, во северозападниот дел на земјата, да го изгради Неом, град на иднината каде не би важеле строгите исламски закони и во кои жените би ги имале истите права како во западните земји.
Проектот, предводен од престолонаследникот, принцот Мухамед бин Салман, е во вредност од 500 милијарди долари и е замислен како место каде исламските кралства можат да бидат домаќини на спектакуларни спортски настани како што се трки во Формула 1 или бокс за шампионски титули.


Градот на иднината е предвидено да биде комплетиран до 2030. година, а да е веќе завршен, би бил идеален домаќин за борбата за титули во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, предвидена да се одржи во Ријад во сабота.


Пред две години, кога беше спроведена студија за градење на градот на иднината, властите ангажирале голем број експерти за јавни услуги од целиот свет да се советуваат за проект што би требало да биде перјаница на крунскиот принц, кој е на милост и немилост на западните земји поради неговата вмешаност во суровата ликвидација на Џамал. Кашоги, новинар кој беше распарчен во конзулатот во Истанбул.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …