(ВИДЕО) НОРДИСКИ ТРЕНД – Дали би се осмелиле? Додека се во кафулиња и продавници, Данците ги оставаат своите бебиња во колички – на улица

На прашањето како не се плаши некој да не и го земе детето, мајката одговара дека на родителите во Данска такви стравови не им се познати…
Дали би го оставиле вашето новороденче да спие само во количка на сред улица? Веројатно не, но една мајка признала дека тоа го прави редовно, а многумина ќе бидат изненадени од фактот дека таа во никој случај не е единствената …
Имено, мајката на четири деца, Ени Семплс, од Данска на TikTok изјавила дека во таа земја не е невообичаено родителите да ги оставаат децата сами надвор во количка; па пред бројни продавници, ресторани, кафулиња, паркови, па дури и станбени згради може да се видат бебешки колички со малечки внатре.
– Практиката да го оставаме бебето да спие само надвор во Данска не е само културолошка работа, туку и здравствена работа, бидејќи ја препорачуваат и многу наши бабици и медицински сестри – објаснила мајката која раскажува дека Данците ги оставаат своите бебиња надвор цела година; а во зима, кога е многу студено, едноставно добро ги облекуваат и ги “ушушкуваат“.
– Добро е децата да се на свеж воздух – вели мајката и додава дека количката на нејзиното бебе моментално е најпопуларното место за спиење, па, кога ќе посакаат да одат некаде додека најмладиот член спие, таа и нејзиното семејство не размислуваат двапати. На прашањето како не се плаши дека некој ќе и го земе бебето, Данката одговара дека во таа нордиска земја на родителите такви стравови воопшто не им се познати…

@annieineventyrland


♬ path of the wind ~ my neighbor totoro lofi – Closed on Sunday


Сепак, нагласува дека не сите деца во колички се целосно без надзор; и дека многу родители кои се во околните продавници и кафулиња имаат со себе монитори за бебиња.
„Имам среќа што живеам во земја каде што можам да го оставам моето бебе надвор да спие додека јас, на пример, одам да пазарувам или пијам кафе во блиското кафуле“, заклучила Ени, која го изнесува своето бебе и го остава надвор дури и кога таа останува дома и никаде не оди. И’ додека некои биле фасцинирани од данската лежерност и посакуваа луѓето насекаде да бидат толку опуштени и безгрижни, многу родители на TikTok сметаат дека оваа практика е незамислива.
„Така си го оставам детето во мојот двор или на балкон, но никогаш не би го оставила надвор на улица!“, пишува една мајка, со која повеќето се согласуваат, додека друга се пошегувала: „Тоа е како да го оставите автомобилот отклучен додека работи моторот!“.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …