Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се излечија од вирусот корона, а славниот актер сега и се обрати на јавноста и и’ раскажал како му изгледа животот после се.
Том, во улога на презентер на комичната емисија „Saturday Night Live“, на хумористичен начин раскажал како изгледало неговото лекување од корона вирус и каков е неговиот живот сега.
„Не грижиете се, избричената глава се должи на улогата, косата расте бавно. Навистина е добро да се биде тука, но исто така и чудно да се води Saturday Night Live од дома. Чудно време е за шеги, но да се обидеш да бидеш смешен е поентата на оваа програма“, рекол актерот на почетокот на програмата, што можете да го видите во видеото подолу.
„Никој не сака да биде околу мене долго и луѓето не се чувствуваат пријатно покрај мене“, рекол искрено Хенкс, што многу луѓе растажило.
„Овој костум е прв што го облеков, од 11. март бев во тренерки. Сопругата ми помогна да се облечам затоа што заборавив како функционираат копчињата“, се пошегувал Том.