Светлана Цеца Бојковиќ: „И’ вариола вера ја поминав во карантин!“

Карантинот на многумина им претставува голем проблем, особено на оние помладите…
Повозрасните пак се сеќаваат на времето кога повторно биле во карантин по повод друга пандемија, како што беше „вариола вера“…
„Ова сега е опомена за целата планета.Сега седам дома и го почитувам карантинот, разговарам на телефон се допишувам преку вибер.Ги читам разните досетки по социјалните мрежи и интернет. Тоа ме одржува во ова време.Треба да се биде стрплив, ведар и да се почитуваат правилата, кога мора, мора. Во секој случај како и да завртиш ситуацијата е вонредна.
Откажани ми се две премиери, три гостувања и една мини серија.
Но во моментов не размислувам за тоа, туку само за тоа како да го организирам времето во 24. часа кои ми се на располагање секој ден“, вели познатата актерка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Земја на штркови“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …