(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ – Американец ослободен по 28 години затвор за убиство што не го извршил

Американецот Ламар Џонсон, кој поминал речиси 28 години во затвор поради убиство што не го извршил, конечно е ослободен.
Педесетгодишниот Џонсон ја напуштил судницата во Св. Луис како слободен човек по одлуката на судијата Дејвид Мејсон. Судијата рекол дека дејствувал откако двајца сведоци дале јасни и убедливи докази дека Џонсон всушност не бил виновен за убиство.


Американецот Ламар Џонсон, кој помина речиси 28 години во затвор поради убиство што не го извршил, конечно е ослободен.
Педесетгодишниот Џонсон ја напушти судницата во Св. Луис како слободен човек по одлуката на судијата Дејвид Мејсон. Судијата рекол дека дејствувал откако двајца сведоци дале јасни и убедливи докази дека Џонсон всушност не бил виновен за убиство.
Тој бил осуден за убиство на Маркус Бојд во 1994 година, но секогаш тврдел дека е невин.
Откако била прочитана одлуката на судот, Џонсон бил многу емотивен, а присутните во судницата го поддржале и аплаудирале.
Минатата година, адвокатката Ким Гарднер побара негово ослободување од затвор откако спроведе истрага со непрофитната правна организација Innocence Project.
Адвокатскиот тим на Џонсон ја критикуваше канцеларијата на јавното обвинителство дека сака да го држи во затвор.
„Никогаш не престанаа да се расправаат дека Ламар е виновен и ќе го оставеа да овене и да умре во затвор“, велат адвокатите.
Маркус Бојд бил убиен од двајца маскирани мажи на предниот трем на Џонсон во 1994 година. Тој секогаш тврдел дека не бил дома во моментот на нападот.
Судијата Мејсон ја донел својата одлука откако еден сведок го отфрлил сведочењето, а затвореникот Џејмс Хауард (46) признал дека пукал во Бојд со друг осомничен, Фил Кембел.
За време на првото судење, Кембел се изјаснил за виновен за да добие помала казна и бил осуден на седум години затвор.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …