(ВИДЕО) Неповторливиот Димиш дел од годинешното издание на „Андерфест“


Пред неколку месеци пишувавме за Димиш и дека тоа е име што треба да го запамтите…
И, не згрешивме…
А Димиш, односно Иван Димишков со својот бенд ќе учествува на „Андерфест“ фестивалот кој вредно ги претставува најголемите македонски музички надежи.
На годинешното издание на „Андерфест“, потврдено е, ќе учествува и Димиш па така и пошироката јавност ќе може да се запознае со неговата работа и да ја слушне неговата музика…
Димиш е млад и нов артист од Скопје, кој своите песни ги снима и продуцира сам во својата соба. Тој почнал да учи тапани на 10. години, а гитара на 11. Изучувањето на тапани го продолжил во 2014-та година во музичкото училиште „Music House“. Од 2016-та, па сѐ до 2021-ва година, Димиш беше дел од бендот „Conspiracy“, каде што свиреше тапани и со бендот настапи на многу фестивали како што се: „Коноп фест“, „Школка во звук“, „Синестетика“, „Земјотрес 8“, „Востание 5“, низ неколку градови: Скопје, Велес, Штип, Дојран, а во јуни, 2019-та година го издадоа својот деби албум „Dehumanized“. Во 2019-та година, Димиш почна да свири тапани за македонската поп-пејачка Кристина Арнаудова.

View this post on Instagram

A post shared by Dimish (@_dimish_)


Својот соло проект го започна во јуни, 2019-та година, откако го издаде својот прв инструментален албум „Inception“. Во мај, 2020-та година, ја издаде својата прва авторска песна, со видео запис „Џ(Г)АН“, а во јуни 2020-та година го издаде својот втор инструментален албум „Redemption“. На крајот од годината, во 2020-та, во декември, ја издаде својата песна, со видео запис „Ортус“, а првата песна која ја издаде во 2021-та година, е „Многу“, во октомври, исто така со видео запис.


View this post on Instagram

A post shared by Dimish (@_dimish_)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …