(ВИДЕО) Неподвижен и нем Бразилец се обидел да ограби златара држејќи го пиштолот со нозе

Бизарен обид за грабеж се случил во продавница за накит во Бразил.
Безбедносните камери снимиле неподвижен маж во инвалидска количка како се заканува на вработен со пиштол кој го држел со нозе.
Инцидентот се случил во бразилскиот град Канели во понеделникот, а вработен во златарџија првично помислил дека станува збор за шега и го игнорирал арамијата, но 19-годишникот бил сериозен. Бидејќи не можел да ги користи своите раце соодветно заради неговата попреченост, тој го држел пиштолот со нозете. Имал и писмена порака во која барал пари со оглед на тоа дека тој исто така бил нем.
Обидот за грабеж бил неуспешен откако полицијата наскоро пристигнала на местото на настанот и го уапсила разбојникот. Утврдено е дека пиштолот не е вистински, но во количката е пронајден голем кујнски нож, објави Russia Today.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …