(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНО: Рибари се сретнале со розови делфини

Рибари во Тајландскиот Залив забележале ретка средба со розови делфини, за кои научниците велат дека се осмелуваат во ситуации каде што нема многу туристи, како што е сега заради пандемијата на коронавирус.
На снимката се гледаат три розови делфини кои пливаат во близина на бродот на рибарите во мирните води крај Ко Па Нган, остров во југоисточна Тајланд, пренесува Ројтерс.
„Бев многу импресиониран, затоа што никогаш не замислував дека ќе видам розови делфини“, рекол рибарот Чаот Саедан. Тајландските розови делфини се подвидови на индо-пацифички грбави делфини и се сметаат за загрозен вид од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата.
Според директорот на морскиот биолошки центар,Пукет Конгкиат Китиватанвонг, има околу 150 розови делфини кои живеат во Тајландскиот Залив.
„Поради помалку сообраќај како резултат на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, делфините сега имаат поудобно живеалиште и затоа повеќе се покажуваат“, рекол тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филм и трибина на тема: „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“

Вечерва во КСП Центар -Јадро во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да …