НАСКОРО НЕШТО НОВО И ОРИГИНАЛНО: Ѓоко и пријателите ја подготвуваат „Тука сме“(“LET IT BЕ“) – како одговор на пандемијата!

Секој ден сме сведоци на разни обработки, пеење на македонските музичари од домашни услови, но се чини дека Ѓоко Ѓорчев и пријателите подготвуваат нешто оригинално...
Ѓоко Ѓорчев заедно со Кате од „Соната“, Кате Танева, трио „Џентлмен“, Кристина Палија, Ирена Стевановска, и бендот на Филип Стевановски реши да ја сними композицијата „Тука сме“.
Текстот со наслов „Тука сме“ веќе го напиша Огнен Неделковски.
„Тука сме,
Чекаме 
Овој свет да открие
Зошто ни се случи ова се’ !?
Тука сме,
Скриени
И во стравот поблиски,
Песните не’ лечат како лек !
3. Јас имам само песна,
Нека биде мое оружје,
За да кажам колку 
Боли се’…“
Инспирација за се е темата „LET IT BЕ“ која заеднички ја снимија музичари од САД и Велика Британија да им помогнат на жртвите од несреќата на ферибродот во 1987 година кога загинаа 139 патници и членови на посадата.
Се чини дека оваа музичка здруженост да им се помогне на настраданите е мотивот за поинаква помош на сите граѓани во Македонија, во овој период кога поради корона вирусот, главно, сме затворени дома, да им се подари една песна со оптимизам – дека сето ова ќе помине а НИЕ повторно ќе бидеме тука.
„Следејќи се што на музички план се случува во Македонија, а со желба да направиме песна која ќе го одбележи периодот низ кој сите заедно минуваме.Решив да ја обработиме „Let it be“, таа култна песна која на цел свет му даде еден нов оптимизам, со македонски текст а повеќе мои колеги и колешки кои веднаш ја прифатија идејата за овој проект. Интересно е што ќе одиме со студиска музика – секој од нас ќе снима во посебно студио, а сето тоа потоа, музички и како видео ќе го измонтира Филип Стевановски. Сакав да направиме нешто што ќе остави трага во овој период низ кој минуваме“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.
Инаку, проектот го подржи винаријата „Бовин“.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …