(ВИДЕО) НЕ ГИ КРИЕЛА ЕМОЦИЈА – Џенифер Лопез на MTV наградите одржала говор низ солзи: „Им благодарам на сите што ме лажеа!“

Џенифер Лопез емотивно се заблагодари на публиката за време на синоќешното доделување на MTV Movie & TV Awards 2022. година.
Откако излегла на сцената за да го прими златниот пехар, 52-годишната актерка и пејачка изјавила: „Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми го дадоа овој живот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа радост во животот, но и ми го кршеа срцето”.


„До оние кои беа искрени од самиот почеток и до оние кои ме лажеа. Вие сте добри како добрите луѓе со кои работите. Но, ако имате среќа, тие ве прават подобри. Имав многу среќа во тоа почит“, продолжила таа.
„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми кажаа во лице или зад грб дека не можам да направам нешто“, додала Лопез низ солзи.
Таа ги спомна и нејзините деца, 14-годишните близнаци Макс и Ема, на кои низ солзи им се заблагодари што ја научиле да сака.
„Извинете, многу сум емотивна. Станувам емотивна, ме знаете… Бен и сите се дома, чекаат да вечераме. До седум ќе бидам дома“, се пошегувала таа на самиот крај на говорот, кој бил проследен со овации и аплаузи.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …