(ВИДЕО) Наум Петрески во „Еден на еден“ открива каде земал бакшиш од 12.000 марки!

Во недела не очекува едно весело и разиграно издание на „Еден на Еден“, со Наум Петрески.
Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.„Тоа беше многу одамна, во Вевчани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажува Наум.Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.


Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.


Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум, која во целост можете да ја гледате во недела на Канал 5, од 18:30 :


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …