(ВИДЕО) Наместо во стриптиз клуб, Денис Родман и дал 500 долари на жена со попреченост

Легендата на НБА, Денис Родман, била снимена оваа недела кога по ноќно излегување, пред стриптиз клуб во Флорида, самоволно донирал 500 долари на жена со попреченост.
Петкратниот шампион уживал во излегувањето на плажата во Дејтона, кога почнал да разговара, видно расположен, со дел од навивачите на улица, што траело околу 20. минути. Тогаш решил да и предаде куп банкноти од еден долар на жена со попреченост, а како што тврдат присутните за TMZ, таа била пресреќна, му се заблагодарила и се ракувала со него.
Освен тоа, Денис наводно и дал уште 500. долари на жената која била сведок на средбата.


Кошаркарската легенда во негов стил конечно организирал забава на улица – играл и пеел пред своето возило.
Весникот пишува и дека Родман бил многу љубезен кон сите фанови, па дури и им подарил маички.
Во коментарите под видеото, главно сите го фалат гестот на поранешната НБА ѕвезда, иако има и такви кои имаат забелешка: „Ова беше убаво од Денис, а вие момци знаете дека еден куп банкноти од 1 долар отидоа во стриптиз клуб. Но, беше многу добро што Денис даде пари на некој што има потреба“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …