(ВИДЕО) Највисок лифт на светот: Покрај карпата до најубавиот поглед на националниот парк!

Стаклената кабина на туристите им нуди можност да уживаат во погледот кон прекрасната природа на националниот парк во Кина.
Лифтот Бејлонг се наоѓа во Националниот парк Џанѓиаги во Кина. Ова е лифтот што достигнува најголема надморска височина во светот, на отворено, на 326 метри.


Лифтот се издига покрај карпата Вулингјуан, и бидејќи страните се стаклени, погледот од лифтот е неверојатен на зелениата површина што ја опфаќа областа.


Покрај тоа што е највисок, ова е исто така и најтешкиот лифт на отворено, а изградбата траела од 1999. до 2002. година. Овој проект предизвика многу дискусии за безбедноста, но и за природното опкружување, кое директно е нарушено со инсталацијата на лифтот.


Шините покрај кои се крева лифтот се вградени во карпата, а потребно е да помине една минута за да се стигне до врвот, додека порано било потребно повеќе од еден час возење за да туристите уживаат во погледот на песочните карпи наведени на списокот за светско наследство на УНЕСКО.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …