(ВИДЕО) Најстарата Европејка преболела корона: „Не ни знаев дека сум болна!“

Калуѓерката од Франција, Лусиле Рандон е најстарата Европејка која преболела ковид-19 само неколку дена пред нејзиниот 117 роденден, пишува Би-Би-Си.


Рандон го земала името Сестра Андре во 1944 .година, а на 16. јануари оваа година, тестирањето покажало дека е позитивна на коронавирус. Таа пред новинарите изјавила дека нема никакви симптоми и дека дури и не знаела дека страда од ковид-19.
Таа веднаш била изолирана од другите жители на еден дом за пензионери во Тулон, Франција, а лекарите веруваат дека целосно се опоравила.
Сестра Андре е слепа и во инвалидска количка, а во четврток,на 11. февруари, ќе го прослави својот 117-ти роденден во присуство на помалку луѓе отколку порано.


„Не се плашам од смртта“
Дејвид Тавела, портпарол на домот за пензионери „Света Катерина Лабоур“, верува дека сестра Андре имала многу среќа.
Тој за новинарите изјавил дека виталната старицата не го прашувала за неговото здравје, туку за своите навики. Таа сакала да знае дали ќе мора да го смени распоредот на оброци и спиење.
„Таа не покажа страв од инфекција или болест, но беше загрижена за другите корисници на домот“, рекол Тавела.
Сестра Андре е родена на 11. февруари 1904. година. Според списокот на суперцентринари од Групата за истражување на геронтологијата (ГРГ), таа е најстариот граѓанин на Европа и втор најстар жител на светот.
На прашањето на француската телевизија БФМ дали се плаши да не биде заразена со корона, таа одговорила – не, додавајќи дека не се плаши да умре, но речкла дека „би сакала да биде на друго место – да се придружи на нејзиниот брат, баба и дедо“.

Фото: Скриншот/YouTube/Realtime1 Notícias


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …