(ВИДЕО) На кучето кое било рането во акција полицајци му приредила посебна свеченост за испраќање во пензија

Кучето Арло ја започнало својата кариера во полициските редови во 2019. година. Арло бил верен заштитник на својот партнер и чувар на мирот во заедницата. Но, по успешното учество во безброј случаи, Арло неодамна бил ранет за време на судир со вооружен осомничен. Арло бил застрелан двапати – но за среќа преживеал.
Тој добил одлична медицинска нега и откако бил подложен на хируршко лекување, сега се опоравува. Арло се пензионирал. Неговите колеги решиле да го почестат со најслаткото збогување. Припадниците на полициските сили се наредиле странично на излезот од болницата и со тоа му оддале почит и благодарност.


Иако тој повеќе не е официјален припадник на полициските сили, неговата храброст и посветеност нема да бидат заборавени.
“К9 Арло секој ден е се’ подобар. Тој се одмара дома и привлекува големо внимание на своето семејство. Ја цениме целата огромна поддршка и тој добива илјадници подароци и слатки од луѓето. Нашата заедница е толку неверојатна”, порачале од полициската станица каде што служел Арло.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …