(ВИДЕО) На денот на венчавката добила подарок од идниот сопруг. Таа се расплакала кога видела за кого е

КОРИСНИЧКАТА НА TikTok, Кајла Рае споделила видео од денот на нејзината венчавка на социјалната платформа. На него се гледа како таа добива необичен подарок од сопругот пред да го кажат судбоносното „да“. Видеото е прегледано повеќе од 5,6 милиони пати.

@kayrae.e i cry watching this video every time #foryou #baby #weddingtiktok #emotional ♬ original sound – ✨🌊


„Свадбен подарок од мојот сопруг, кој не е наменет за мене“, напишала во описот на видеото во кое ја чита пораката што стасала со пакетчето. Во пораката младоженецот објаснил дека и подарил нараквица која нивното прво дете ќе ја носи на својата свадба.
„Читањето на оваа порака со шминка на лицето е посебна олимписка дисциплина“, „Ме расплака“, „Се надевам дека еден ден ќе се омажам за ваков човек“, „Ова е еден од најромантичните свадбени подароци досега“ , се само дел од коментарите на луѓето под објавата.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …