(ВИДЕО) MY SECRET TERRIUS: Во јужнокорејска серија снимена пред две години е опишана борба со корона вирусот!

Корејската серија „My Secret Terrius” која е објавена во 2018. година, а говори за смртоносниот корона вирус, овие денови станала една од петте најгледани серии во Велика Британија.
Во оваа шпионска драма, еден од ликовите е предупреден за коронавирус сличен на грип, чиј период на инкубација е 14. дена. Овој вирус во серијата ги напаѓа белите дробови и нема вакцина. Вирусот го развиле терористите.
Сцената која привлекла големо внимание е близу крајот на десеттата епизода, во која се зборува за мутантен коронавирус кој може да убие околу 90. проценти од заразените. Лекарот во оваа серија го споредува вирусот со претходните епидемии, како што се вирусите MERS и САРС кои припаѓаат на истото семејство.
Луѓето кои ја гледале на социјалните медиуми пишуваат дека оваа серија е застрашувачки предвидлива. Некои рекле дека станува збор за случајност.


За разлика од измислениот коронавирус во „My Secret Terrius”, се смета дека коронавирусот предизвикува смртност од околу еден процент.
Она што ги привлекло гледачите е дека на крајот од епизодата, тие ги учат учениците како правилно да ги мијат рацете.
Серијата е снимана во Јужна Кореја и Полска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …