(ВИДЕО) ГАФ НА ДОКТОР ВО БАЊА ЛУКА: Им се заблагодарил на новинарите бидејќи на сите им ја донеле корона!

ДИРЕКТОРОТ НА Универзитетскиот клинички џентар во Република Српска, Владо Ѓајиќ, се здобил со неочекувана слава на социјалните мрежи заради гафот што „му се лизнал“ кога се обратил пред новинарите.
Имено, по посетата на Милорад Додик на објектот во рамките на Старата хирургија на Бања Лука, тој се обратил до новинарите со необична благодарност.


„Ви благодарам на вам новинарите за сè што направивте за да оваа пандемија дојде до сите куќи“, рекол тој додека Додик стоел зад него со маска на лицето.
Иако Ѓајиќ сакал да им се заблагодари на медиумите за пренесување на информации, поради несмасниот начин на кој тој се изразил, се покажало дека новинарите ја шират инфекцијата низ куќата.
Ѓајиќ и неговиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ги посетиле објектите на локалитетот стара хирургија во Бања Лука, каде е во тек завршната работа за адаптација и уредување на простории наменети исклучиво за лекување и нега на пациенти со новиот коронавирус.
По завршувањето на работата, во кругот на старата Хирургија, УКЦ РС ќе има на располагање 400 кревети, два оперативни сали и можност за поврзување со околу 50 респиратори, пренесуваат медиумите од БиХ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …