(ВИДЕО) Музичарот кој се бори со рак ја открил дијагнозата: Болеста е во четврти стадиум

Американскиот музичар Марк Хоппус, басист и пејач на групата Blink 182, сподели со своите фанови, за време на преносот, детали за неговата битка со ракот и објаснил дека неговата дијагноза има врска со крвта, а не со коските.

„Мојата крв се обидува да ме убие“, рекол тој на видеото.


„Мојата класификација е дифузен лимфом на Б-клетки 4-А, што значи дека влезе во четири дела од моето тело. Не знам точно како тие го одредуваат неговиот удел, но тој влезе во доволно делови од моето тело во кои ракот е во четврта фаза, што мислам дека е највисок степен“, додал тој.


Да потсетиме, Хоппус кон крајот на јуни откри дека му е дијагностициран рак.
„Имам уште неколку месеци третман пред мене, но ќе се борам колку што можам и ќе останам позитивен. Едвај чекам да ја победам оваа болест и наскоро повторно да се видиме на концерти.Це сакам сите”, напиша тој на времето.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …