(ВИДЕО) Момците од „Фокус бенд“ ја промовираа песната „Двајца браќа“, слушнете ја!

„Оди брате ноќва земи ја, што подалеку однеси ја. Кај и да сте, среќни да сте, да не ве гледам…“ – се дел од стиховите на најновата песна со наслов „Двајца браќа“ на фолк-групата „Фокус бенд“, кои пред неколку дена ја промовираа на социјалните мрежи.
Станува збор за песна со која тие се претставија на овогодинешниот „Прилеп фолк-фест“, а како автори на неа се потпишува добро познатиот тандем, Борче Нечовски текст и музика и аранжман Дејан Момироски.
„Композицијата е сентиментална и говори за двајца браќа кои засакале една иста девојка, но да не откриваме се, нека ја слушнат цела песна. Искрено се надеваме и веруваме песната ќе и се допадне на публиката и ќе допре до нивните срца“ – истакнаа момците од бендот.

This image has an empty alt attribute; its file name is fokus-bend.jpg
Инаку за оваа песна тие снимија и видеоспот во режија на „Арт продукција“ и тоа на неколку одлични локации. Едната е езерото Козјак, додека другата е селото Павлешенци. Покрај членовите на бендот, во видеосзаписот се појавуваат и децата од фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“.
„Фокус бенд“ не застанува тука. Тие најавуваат нови прокети во иднина, а покрај многубројните настапи, тие за следната година ја најавуваат и турнејата, за која допрва ќе откријат повеќе детали.
Погледнете го спотот за нивната најнова песна:


Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …