Жарко Димоски премиерно во Белград во музиклот „Црни лептир“ според музика на „Ју група“

Актерот, пејач и водител на ТВ емисијата “Џентлмен магазин” на 28. октомври ќе ја доживее својата прва белградска премиера во „Позориште на Теразијама”.
Претставата “Црни Лептир” работена според текстот на Спасоја Ж. Миловановиќ, инспирирана од музиката на легендарната „ЈУ Група”, а во режија на Марко Јовичиќ, премиерно ќе биде изведена на 28. и 29. октомври во 19:30 часот.
Како што е најавено, претставата „Црна Лептир“ ќе биде спектакуларна по многу нешта. Станува збор за претстава со најмногу изведувачи до сега, а Жарко е првиот актер од Македонија што е поканет да гостува во тој театар.Ја изведува дупли- актерски ансамбл, а за време на тричасовната изведба, публиката ќе може да слушне 27. композиции од најдолговечниот рок бенд на овие простори, со гудачки оркестар, труби, саксофони, удиралки, џез и блуз елементи.

This image has an empty alt attribute; its file name is MJUZIKL-CRNI-LEPTIR.jpg
Милош Бранисављевиќ ги аранжираше песните на сосема нов начин кои се вклопуваат неверојатно во приказната, а кореографијата е на Милица Церовиќ која најави различни танцови стилови, сценски движења како на рокенрол забава, дури и кореографски бокс. Публиката првпат ќе може да го види филмското сценарио во театар, фрагментарна драматургија, четириесет и девет кратки сцени, а интересно е што главните актери мора да се пресоблечат 30 пати во текот на претставата.
Репризите на премиерата се најавени за 30 октомври, 5 и 6 ноември.
Димоски толкува една од главните улоги во претставата, и со нетрпение очекуваме да ја видиме неговата изведба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …