Полицијата во американската сојузна држава Јута запрела возач поради непрописно возење а полиуцаецот бил во шок кога видел дека возач е 5. годишно дете, коее го возело автомобилот на своите родители.
Момчето тргнало за Калифорнија бидејќи сакал да си купи Ламборгини.
Прво што сообраќајните полицајци го прашале момчето било – колку години има и каде научил да вози? Тој, всушност, седел на работ од возачкото седиште, заради попрактично возење – за да може со ногата да стигне до сопирачките.
Детето по име Адријан, в џеб имало три долари, а на полицијата ѝ кажал оти ѝ се налутил на својата мајка, која не сакала да му купи Ламборгини, кое инаку, чини над 200.000 долари.
При овој настан никој не е повреден, а детето безбедно е вратено кај родителите. Локалните власти допрва ќе одлучат дали против родителите на детето ќе биде поднесена пријава.