Постојано и го поставувале „најлошто прашање“ за една жена – кога ќе роди дете: Им ги затворила устите со фотографија и моќна порака!

Независно дали сакате да имате внуче или сте добронамерен пријател или роднина или само љубопитен сосед, знајте дека тоа апсолутно не е ваша работа…
Мили Бингам со кратка порака ги замолчува сите оние кои слободно ги преплавуваат жените со прашања за раѓањето на деца.
33-годишната Американка добила аплаузи од илјадници жени откако објавила фотографија од ултразвук на Фејсбук, а во описот ја напишала следната порака:
„Здраво на сите! Сега, кога го придобив вашето внимание со оваа ПРОИЗВОЛНА ФОТОГРАФИЈА ОД УЛТРАЗВУК што ја презедов од Google, сакам пријателски да ви укажам дека репродуктивните планови и одлуките за раѓање дете на другите луѓе не се ваша работа. НЕ СЕ ВАША РАБОТА.


Пред да прашате млади брачни партнери кои се заедно речиси цел живот кога конечно ќе создадат семејство… пред да ги прашате родителите на мало дете кога ќе започнат да работат на помало братче или помало сестриче… пред да прашате сингл личност дали/кога тој/таа планира да има деца зашто часовникот отчукува… едноставно застанете. Ве молам застанете.
Не знаете кој се соочува со неплодност или тажи поради спонтан абортус или се справува со здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската или е под огромен стрес или за кого едноставно тајмингот е погрешен. Не знаете кој е во дилема за тоа дали сака да има деца или дали да има повеќе деца.
Не знаете кој одлучил дека засега не сака деца или дека не сака деца воопшто. Не знаете дека вашите навидум невини прашања можат некому да причинат тага, болка, стрес или фрустрации. Се разбира, кај некои луѓе тие прашања може да не предизвикаат загриженост, но од мое искуство и од искуствата на многу пријатели, можам да ви кажам дека најверојатно ќе предизвикаат загриженост“.


Pregnant woman standing outside on a sunny day

Заклучок: Независно дали сакате да имате внуче или сте добронамерен пријател или роднина или само љубопитен сосед, знајте дека тоа апсолутно не е ваша работа. Наместо тоа, прашајте што ги интересира во моментот, прашајте ги кој им бил најдобриот дел од денот. Доколку некоја личност сака да ви открие нешто така лично како нејзините планови да има или да нема деца, таа ќе ви ги каже. Ако сте љубопитни, едноставно седете и чекајте, дозволете ѝ тоа да го направи по сопствен избор, тогаш кога ќе биде подготвена за тоа…“

Извор:kurir.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Студентките од државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 12 декември беа дел од втората …