Секој ден сме сведоци на грди бројки за заболени и починати од ковид-19 во нашата земја….
секој ден слушаме како од МЗ апелираат да се носат заштитни маски и да се држи социјалното растојание…
Денес со молба и тоа молба од срце на јавноста и се обрати и нашиот популарен пејач Ѓоко Ѓорчев кој ги молеше сите граѓани на Македонија да ги спроведуваат препораките за заштита од корона вирус…
„Ве молам, да бидеме одговорни. Да бидеме одговорни и сите да ги почитуваме мерките кои ги препорачуваат надлежните…Убеден сум дека ако сите ги носиме маските во наредните 15. дена ќе ја запреме оваа епидемија. Мислете на своите деца, мислете на своите внуци, исто како што тие треба да мислат на нас во ризичните групи. Јас сум во таа ризична група и редовно ја носам маската. Да бидеме одговорни и да носиме маска, да се заштитиме себе и своите најблиски“, вели меѓу другото Ѓоко Ѓорчев.
#Da #bideme #odgovorni.#Se #raboti #za #nas, #se #raboti #za #Makedonija!🙏🙏🙏
Gepostet von Gjoko Gjorcev am Freitag, 24. Juli 2020