(ВИДЕО) Милиони луѓе се воодушевени од бабата и дедото кои после осум месеци прв пат ја прегрнуваат внуката

ТВ водителката и американска научничка Емили Каландрели објавила видео кое многумина разнежнило.
Како што открила на својот профил на „Тикток“ @thespacegal, нејзините родители се вакцинирани против ковид-19 и сега, по осум месеци разделба, конечно им била дадена можност да се дружат со ќерката и со внуката Роуз.
Емили истакнала дека нејзините родители стравуваат дека нејзината внука нема да ги препознае, но се случило сосема спротивното. Таа влетала во нивните прегратки, а гордата баба Ким не можела да ги сокрие своите емоции додека ја гушкала малечката Роуз.

@thespacegalMy parents weren’t sure if she’d recognize them 😩


♬ sonido original – m a y i t a


Видеото собрало повеќе од 1,5 милиони прегледи, а многумина признаа дека сцената ги разнежнила.

Фото: Принтскрин/ТикТок/@thespacegal


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …