Американскиот милијардер Џеф Безос и уште тројца патници летаа во вселената денес со своето ракетно летало „SЊу Шепард“, а овој лет се смета за пресвртна точка кога станува збор за приватното патување во вселената.
Полетале во 15. часот по средноевропско време од пустината во Западен Тексас до работ на вселената, пренесува Би-Би-Си. Летот, како што беше претходно најавено, траел 11 минути.
Како што се слуша на снимките, Безос по слетувањето рече: „Ова е мојот најдобар ден досега!“
Тој о се обратил на својата астронаутка, 82-годишната Воли Фанк, со зборовите „Патувањето беше неверојатно“ на што таа одговори „Навистина е!“
Марк Безос, брат на милијардерот и сопственик на компанијата Blue Origin, кој му правеше друштво на неговиот прв лет во вселената, по успешното слетување изјавил: „Се чувствувам неверојатно добро“.
Безос пред летот изјавил дека е возбуден и љубопитен.
„Луѓето ме прашуваат дали сум нервозен. Не сум многу нервозен, љубопитен сум. Ме интересира што ќе видиме”, рекол Безос во интервју за Си-Би-Ес њуз.
Друштво во леталото му правеле неговиот брат Марк, астронаутката Воли Фанк (82) и тинејџерот кој неодамна заврши средно училиште, Оливер Димен (18), како најстара и најмлада личност што стигнала до вселената, пренесува Би-Би-Си.
BREAKING: Amazon founder Jeff Bezos is launching his New Shepard rocket to the edge of space.
Read more: https://t.co/AhaomFpwBU pic.twitter.com/PRZWAjnddZ
— Sky News (@SkyNews) July 20, 2021
Тие патувале во капсула со најголеми прозорци што треба да им даде феноменален поглед на Земјата.
„Ние сме обучени. Ова возило е подготвено, екипажот е подготвен, овој тим е одличен. Ние се чувствуваме навистина добро”, рекол тој.
Фото: Принтскрин/YouTube/CNN