(ВИДЕО) МЕЧКА НАПАДНАЛА МАЖ, ТОЈ ЈА УДИЛ ПО ГЛАВА! Сакал да ја растера глутницата кучиња, а потоа од темнината излетал ЅВЕРОТ


По нападот мечката побегнала, а чуварот останал неповреден.
Чуварот во Бугојно во Босна и Херцеговина утрово бил нападнат од мечка, објавено е денеска на Фејсбук страницата на Бугојно. Како што може да се види на видеото кое беше објавено на Фејсбук, мечката била бркана од кучиња и таа побегнала во деловните простории.
На видеото се гледа како чуварот се приближува за да ги растера кучињата, по што мечката трча кон него, чуварот ја удира со нога и потоа паѓа на земја. После тоа, мечката побегнала, а чуварот останал неповреден.
„Мечка утрово нападна чувар во Бинас, според очевидци се’ се случило брзо, за среќа човекот од обезбедувањето минал без посериозни повреди“, објавено е на Фејсбук. Полицијата не добила дојава за инцидентот.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РАБОТИ КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРАВАТ НА ВЕЛИГДЕН: Се верува дека носат несреќа и немир

Дознајте што не треба да правите на Велигден 2025 година според народните обичаи. Велигден е …