По документарецот и книгата доаѓа нова идеја: Меган Маркл и принцот Хари планираат филм за животот во палатата?

Војводата и војвотката од Сасекс наводно ќе го раскажат своето искуство од живеењето во палатата за нов филм за кралскиот живот, пишува Mirror.
Меган Маркл и принцот Хари наводно планираат нов долгометражен филм кој ќе се фокусира на нивното искуство од живеењето во палатата. Се наведува дека парот е во преговори со продуцентската куќа која го снимила и нивниот документарен филм „Хари и Меган“.

– Има многу нијанси од нивната приказна за кои сметаат дека сè уште недостасуваат по документарецот и книгата на Хари – изјавил извор за магазинот Closer.
Изворот вели дека Хари сепак сака да размисли уште малку за понудата бидејќи сепак тоа е неговото семејство.
– Несомнено е дека за тоа би земале убави пари, што е многу примамливо. Меган навистина е за тоа, додека Хари сака да се однесува повнимателно – рекол изворот, пишува Mirror.



Ова доаѓа откако војводата и војвотката објавија изјава минатата недела во која велат дека биле вклучени во, како што велат, „речиси катастрофална потера со автомобил“ во која биле вклучени нивното такси и американските папараци.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …