(ВИДЕО) Македонец повторно воодушевува во „Никогаш не е доцна“!

Добрила Ивановска – Чабриќ минатата година воодушеви во шоуто „Никогаш не е доцна“, а оваа година има нови кандидати кои продолжуваат по нејзиниот пат…

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“,изјави во интервјуто кое ги претставува
натпреварувачите 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој настапи во последната емисија од новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што го нарече, „кралот“ Шабан Шаулиќ.
Гоца Тржан, која во ова издание седеше на масата на жирито беше фасцинирана од настапот на Бејхан, па при коментирањето на неговата изведба по настапот, му се обрати со само една реченица: „Имаш душа колку целово студио… Браво“!


Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата и еден од главните продуценти на „Гранд“ – Жика Јакшиќ реши да се вмеша во оваа одлука и дозволи сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Српските медиуми пак, нашиот Бејхан го окарaктeризираа со зборовите: „Тој е чудо“!
Настапот на Бејхан можете да го видите во видеото во продолжение, а под него и целата емисија.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …