ПОСЛЕДЕН хит на социјалните медиуми се снимки со кои луѓето сакаат да докажат дека тие се претвориле од грди патки во прекрасни лебеди.
Многумина верувале дека Бразилката Жаклин Аларчо е најдобриот пример за таа трансформација. Нејзиното видео собра дури 15 милиони прегледи на TikTok и десетици илјади комплименти.
„Пред и откако се омажив со орален хирург“, напишала таа покрај видеото.
@jaquelinealarcaoAntes e depois que me casei com um cirurgião dentista! 😳
„Ова е голема трансформација“, коментирале некои.
„Многу мило ми е што те средил“, додале другите, а снимката ја споделувале дури и стоматолозите и козметичките хирурзи.
Додека не се открило дека сè е лага.
Многумина веднаш се посомневаа дека таквата трансформација не е можна, и на крајот Жаклин признала дека носи лажни заби.
@jaquelinealarcaoAs Branquelas estão diferente!🤣🤣🤣 ##comedy ##fy
„Успеав да ве наместам“, напишала таа.
„Луѓето кои веруваа во ова веројатно мислат дека вампирите се вистински“, коментирале нејзините фанови.
@jaquelinealarcao##fy