(ВИДЕО) Лозано објави нов летен хит на еден ден пред неговиот голем концерт во Охрид

На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, најголемата музичка ѕвезда во Македонија, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна.
“Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.
За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.
„Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе и се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот ‘Билјанини извори'”, вели Лозано во неговата куса изјава.

Инаку организаторите на концертот, “Прагма Продукција” најавуваат вистински музички спектакл, а Лозано ќе биде запишан како првиот домашен изведувач кој ќе настапи на охридскиот стадион и тоа на најголемиот македонски празник – Илинден!
Вратите на стадионот се отвараат во 19. часот, а пред Лозано на големата бина со свои настапи ќе се претстават неговите помлади колешки, Антониа Гиговска и Лина Пејовска.
Влезници се уште може да купите преку продажната мрежа на “kupikartizase.com”, на плоштадот во Охрид, како и на вратите на стадионот “Билјанини извори”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …