Актерката поради изгледот секогаш е на удар на критики од оние кои сметаат дека претерала со операциите и дека не личи на себе.
Иако најмногу ја паметиме по улогата на слатката “буцка” во култниот филм „Бриџит Џонс“, некогашната холивудска актерка доживеала целосна трансформација.
Рене Зелвегер денес е многу послаба во однос на периодот кога за потребите на филмот “Дневникот на Биџит Џонс” се здебелила и накачила килограми. И не само што актерката видно ослабела, таа со естетските операции го променила и изгледот на лицето, па сега е непрепознатлива.
Откако на почетокот на 2000.се пробила и станала една од најбараните актерки во Холивуд, Рене одлучила повеќе никогаш да не се здебели за улога. Така почнала нагло да слабее, а облините и полните образи, по кои била позната, исчезнале.
Тоа не би било толку страшно ако актерката не направила и низа пластични операции поради кои нејзиното лице денес изгледа сосема поразлично. Ботоскот и затегнувањето на кожата на лицето на Рене придонеле за поразличен облик и сосема поинаков изглед.
Актерката поради изгледот секогаш е на удар на критики од оние кои сметаат дека претерала со операциите и дека не личи на себе.
Неодамна била видена на еден ексклузивен настан на кој се појавила во кратка розова тоалета, но сите ја забележале нејзината вкочанета насмевка и презатегнатото лице без брчки, како и нагласените јаболчници, па коментарите на присутните биле дека таа навистина претерала со операциите.