(ВИДЕО) Лени Кравиц, големиот а обичен човек, објави видео од Скопје: „Најубав ден за среќавање со прекрасни луѓе“

Како вистински професионалец Лени Кравиц во Скопје пристигна ден пред закажаниот концерт.Убавиот ден во Скопје го искористи да прошета по Старата Чершија и да се дружи со луѓето па и да слушне што свири некој дедо или малечки дечиња…


Кравиц уште еднаш покажа дека големите ѕвезди се само едни обични луѓе од кои треба да учиме како да се однесуваме.
Американската рок-легенда Лени Кравиц од прошетката на социјалните мрежи објави видео од Скопје.


Тој покрај Старата Чаршија прошерта и по центарот на градот, а делеше и автограми на луѓето низ Скопје.

На видеото кое го сподели на фејсбук напиша: „Скопје, Македонија. Најубав ден за среќавање со прекрасни луѓе“.



Skopje, Macedonia. Old Bazaar. The most wonderful day meeting beautiful people. #heretolove

Gepostet von Lenny Kravitz am Donnerstag, 2. Mai 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …