(ВИДЕО) Култната серија „Deadwood“ добива свое филмско продолжение

НВО објави официјален тизер за продолжение на серијата „Deadwood“, која имаше три сезони, во период од 2004. до 2006. година.
Легендарната серија на Дејвид Милч, се враќа на 31. мај во форма на долгометражен филм.
Според авторите на серијата и филмот, ова воедно ќе биде и завршно поглавје за главните јунаци на овој вестерн, кои во малку сезони и епизоди ги освои гледачите ширум светот.


Снимањето на филмот започнало во октомври минатата година, а приказната се одвива десет години по крајот на серијата.
Филмот го режирал Даниел Минахан, познат како режисер на епизоди на „Игра на тронови“, „Американска криминалистичка приказна“,и „Куќа од карти“.


Главните улоги повторно се резервирани за Иак Мекшејн, Тимоти Олифант, Ким Дикенс, Моли Паркер…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …